06 Мај, 2024
0.0243

Фото: Џастин Трудо ја претера во Индија

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Канадскиот премиер до пред некој месец беше еден од омилените политичари на западната хемисфера како прогресивен либерал кој внесуваше надеж на политичката сцена, но се сега се почесто е предмет на потсмев со неговите несфатливи гафови и претенциозни обиди да остане популарен и во фокусот на вниманието.

Тој е во осумдневна посета на Индија каде најпрво не беше удостоен со пречек од премиерот Моди туку од член на владата со понизок ранг што беше сфатено како непочитување на канадската држава поради доаѓањето на Трудо.

Сепак, политичкиот дебакл е засенет со приватниот дебакл на Трудо кој оваа посета на Индија повеќе ја користи за годишен одмор со сопругата. Трудо речиси на секоја слика е облечен со традиционални индиски носии и изгледа како да излегол од кадрите на боливудските филмови, односно како да е пред гламурозна венчавка.

Исто така на сликите постојано ги држи рацете склопени што симболизира индиска молитва што наиде на големи критики на социјалните мрежи за непотребно доодворување на јавноста.

Трудо предизвика и големи контроверзи со тоа што реши на своето патување да ги понесе и министрите кои се Сики, односно малцинство во Индија кое е во судир со индиската власт со обвиненија за сепаратизам, а дел од членовите на неговиот кабинет имале слични екстремни ставови. Сосема разбирливо е што неговата влада има министри Сики бидејќи тие се доста голема заедница во Канада, но на овој начин си ги расипува односите со Индија која е еден од најголемите трговски партнери.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук