(ФОТО) Ексклузивно од Минхен – претставени смартфоните на Coolpad
Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2016
Следејќи го настанот во живо, Telefoni.mk ексклузивно ви ги претставува двата смартфона на Coolpad, еден од десетте водечки кинески производители на паметни телефони, кој официјално го потврдува присуството на западноевропскиот пазар, со влез на германскиот и швајцарскиот пазар. Кристоф Ликтенберг, директорот во Coolpad во Германија и Швајцарија, претстави два нови модела за сите европски пазари - Coolpad Porto S и Torino S.
„Земајќи ги предвид глобалните истражувања за однесувањето на потрошувачите, изгледот на паметниот телефон е клучен во продажбата. Првиот впечаток е важен!“, изјави Ликтенберг.
Porto S нуди јасен екран со HD резолуција од 5 инчи (1280x720) и 294 густина на пиксели. Иновативната Miravision™ технологија ќе им помогне на корисниците да го подобрат квалитетот на сликата на екранот по желба. Брзиот пренос на податоци обезбедува поддршка за 4G LTE. Телефонот има и Dual SIM, што значи дека може да користи две различни SIM картички или една SIM картичка и MicroSD картичка.
Овој смартфон може да се користи за гледање на ТВ емисии или за видео повици, бидејќи Porto S користи технологија „voice over LTE“ за повици со висока дефиниција. Со само 7,6мм дебелина, Porto S е на врвот на листата најтенки телефони во својата ценовна категорија, а под убавиот екстериер има моќен четворојадрен процесор Mediatek™. Porto S има задна камера од 8MP со LED блиц и може да снима full HD 1080 видео, кое можете да го пуштите преку смарт телевизор. На предната страна има камера од 2MP.
Porto S доаѓа со новиот редизајниран Android 5.1 Lollipop оперативен систем, кој е побрз, поефикасен и помалку ја оптоварува батеријата. Благодарение на моќната батерија од 2000mAh, предвиденото време за разговор изнесува 8 часа, а во standby режим - 6 ¼ дена, а тоа време може да биде и подолго ако е вклучен режимеот за заштеда на батерија. Porto S е телефон со 1+8 GB внатрешна меморија, а доколку тоа не е доволно, може да биде додадена MicroSD картичка од 64GB. Димензиите на телефонот се 143 x 72 x 7,6 mm, и се одликува со тежина од 125 гр. Porto S е достапен во бела и темно сива боја, а препорачаната цена изнесува 129 долари.
Torino S е преубав телефон со екран од 4,7 инчи во HD резолуција (1280 x 720), со 312,5 пиксели по инч и читач за отисоци од прсти на задната страна. Се работи за Dual SIM, LTE телефон со меморија од 2 GB RAM + 16 GB ROM, кои дополнително можат да се прошират со Micro SD картичка. Torino S функционира со Qualcomm Snapdragon 410 процесор и Quad Core 1.2GHz.
Овој телефон лесно може да се користи со една рака и дава можности на корисникот да активира скен од отисокот од прстите (снима најмногу до 5 прсти) за извршување на различни задачи: отклучување на телефонот, стартување апликации, брзи слики или селфи, снимање на повици и сигурно плаќање. Овој читач на отисоци од прсти е толку брз што му е потребно само 0,5 секунди да го отклучи телефонот и 0,24 секунди да направи фотографија. Сензорот е 99,9 отсто сигурен, дури и кога прстите се влажни, има слој кој е тестиран на 10 милиони допири, така што прстите можат да бидат скенирани во сите правци.
Паметниот телефон со дебелина од 7,9 mm поседува IR далечинска контрола и OTG. Задната камера изнесува 8 MP, a предната 5 MP. Torino S доаѓа со новиот Android™ 5.1 Lollipop систем и COOL UI 8.0. Моќта на батеријата изнесува 1800 mAh. Димензиите на телефонот се 139 x 67,8 x 7,9 mm. Овој Coolpad модел ќе биде достапен во бела и шампањ боја, со препорачана малопродажна цена од 199 долари.
„Coolpad произведува многу квалитетни уреди и веруваме дека иновациите се клуч на успехот. Coolpad донесува иновативен дизајн, одличен квалитет и пристапни цени“, изјави Дени Кју, директорot за европски операции во Coolpad.
(Извор: Телефони.мк)