18 Мај, 2024
0.2448

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Безобразни и секси – Три македонски убавици дел од календарот на „Пелистерка 2015“

Објавено во: Стил 24 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Пелистерка, македонската компанија за вода и безалкохолни пијалоци, денеска и официјално го промовираше петтиот, традиционален календар како симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата.

Доминацијата на календарските фотографии ја имаат три македонски убавици, сензуалните Маријана, Тамара и Аделина.

Фотографиите се снимени во базата на компанијата Пелистерка, во Битола, која е најсовременот и најсофистицираниот комплекс за безбедно полнење и пакување на вода со европски сертификати. Девојките, женствено провокативни, се контратежа за некои од најгрубите фабрички погони.

Пелистерка, останува доследна на својата позиција на лидер во својата индустрија, но и на општествено одговорна компанија која се грижи за генералниот бенефит. Компанијата ги насочува планираните финансиски средства од предновогодишната промоција, за набавување на медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола.

- „ Со оглед на константно високото ниво на загаденост  и ефектите по здравјето на жителите во овие три големи градови во Македонија, заклучивме дека е далеку поприоритетно да овозможиме набавка на апарати за константно мониторирање на состојбата на загрозените пациенти, пред се на децата, кои се најподложни на реакции по временските промени. Станува збор за мобилни апарати од типот МР (MindRay), кои овозможуваат следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега и вклучуваат широк обем на медицински парамети за набљудување“. – велат од компанијата.

Како во претходните четири години, така и во оваа, македонската компанија „Пелистерка” на своите купувачи им подарува календар во рамките на кој што уште еднаш потсетува на убавината на македонските девојки.

pelisterka-Fevruari pelisterka-Mart pelisterka-April pelisterka-Maj pelisterka-Juni pelisterka-Juli pelisterka-Avgust pelisterka-Septemvri pelisterka-Oktomvri pelisterka-Noemvri pelisterka-Dekemvri