15 Мај, 2024
0.0260

ФОТО: ХОТЕЛ НА ГРАНИЦА: Ноќевање во Швајцарија, ручек во Франција

Објавено во: Стил 14 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Еден европски хотел се наоѓа на две адреси и тоа во две различни држави.

2

Хотелот Арбез се наоѓа на граница меѓу Швајцарија и Франција. На француска страна тој е на Ри де ла фронтера во градот Ла Кур, а на швајцарската страна е на Ри де Франс во градот Кур.

Хотелската зграда се наоѓа на граница уште од 1862 година, кога владите на двете земји потпишале договор за поместување на границата.

Локален бизнисмен препознал дека тоа е одлично за бизнис, и уште пред да стапи на сила договорот на француска страна изградил кафуле, а на швајцарската продавница.

Џул Џозеф Арбез во 1921 година ја откупил зградата и ја направил хотел. За време на Втората светска војна во него се сместувале бегалци.

Хотелот и денес е на истото семејство, а секоја соба е поделена на француска и швајцарска страна.

Се служи храна од кујните на двете земји.

3 4 5