05 Мај, 2024
0.0262

(ФОТО) И НИЕ ЗНАЕМЕ ДА ПОЛНИМЕ КОЛИЧКИ - инвазија врз маркетите и празни рафтови

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Макарони, шпагети, масло за јадење, тоалетна хартија, брашно и конзерви, но и дезинфекциски средства и хируршки маски. Се полнат колички, се чекаат редици во маркетите, се празнат рафтови. 

И Македонците не одолеаја на коронавирус треската. Како што низ светот, но и во земјава, расте бројот на заразените, а Светската здравствена организација прогласи пандемија од опасниот вирус, така растат и стравувањата дека одделни делови од државава би можеле да се стават во карантин. А тоа, според многу од граѓаните, би значело и опасност дека ќе немаат можност да се снабдат со основните животни намирници. Затоа, што си е сигурно, сигурно е, па не е на одмет да се набави некоја тестенина повеќе и да се складира во домашните плакари. 

Фактор успеа да направи некои аматерски фотографии од тоа како вчера изгледаа дел од скопските маркети.

„Немате претстава како попладнево беше во еден од маркетите. Се крева на ангро. Мислиш дека без пари даваат. Испразнети рафтови, па недостигаат дури и производи за кои не е јасно зошто би им користеле на граѓаните доколку евентуално нивниот регион потпадне под мерките на карантин“, вели една граѓнка од Скопје.

„Што е сигурно, сигурно е. Не е на одмет да набавиме малку поголеми количини од основните артикли. Од каде да знаеме што во иднина ќе се случува“, вели друг граѓнин кој трпеливо чекаше на касата. 

Еден од вработените во една месна индустрија во земјава вели дека за последниве десетина дена, на добавувачите, односно на скопските маркети, им доставиле толку многу конзерви со паштети и месен нарезок, колку што тоа вообичаено се прави за период од шест месеци.

Истата слика може да се забележи и во маркетите низ целиот свет, бидејќи граѓаните стравуваат да не бидат заглавени дома и да не останат без клучните произвди.

А јагма има и за хируршки маски, што ги дигна цените и до 30 денари по парче во некои од аптеките. 

Како што е познато, кога изби коронавирусот, Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови да преземат мерки доколку утврдат дека има неосновано покачување на цените и злоупотреба на залихите на заштитните средства.

Од Пазарниот инспекторат за Фактор изјавија дека нивни екипи се постојано на теренски проверки, но формирањето на сите цени во аптеките досега е поткрепено со документи, односно не пронашле дека некоја аптека ги зголемила цените нелегално. .

Од оваа институција нагласуваат дека во моментов на нашиот пазар се уште важи слободно формирање на цените.

„Владата досега не кажала дека се утврдуваат максимални цени на некои производи. Односно, оттаму не прецизирале цената на маските да изнесува, на пример, максимално 10 денари, и да не смее да се зголеми повеќе од таа цена. Или за цената на заштитните средства, или за цените на брашното. Кога тоа би се случило, сите што продаваат над тие цени, ние би имале основа да ги казнуваме. Во овој случај немаме таков основ“, објаснуваат пазарните инспектори. 

За цената на брашното, пак, инспекторите во некои маркети пронашле дека дури тие се намалени во однос на пред два месеци, што се поврзува со движењето на цените на светскиот пазар.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско