(ФОТО) Идеални за одмор: Плажи и острови кои ја имаат најубавата сина боја
Објавено во: Стил 19 Април, 2017
Списанието „Тајм“ направи листа со острови и плажи кои ја имаат најсината вода во светот.
Британските Девствени острови лоцирани во Карипско Море, се одликуваат со особено проѕирна вода со уникатна нијанса (нијанса на сино-зелената боја). Тие се многу популарни за нуркање.
Кристално чистата вода во небесно сина боја е вродена и за плажата Егремни на грчкиот остров Лефкада. Посетителите можат да уживаат во брановите на Јонското Море, а за да стигнат до нив, треба да поминат по 347 камени скали.
Бисерот на Јужен Виетнам - остров Најт Сон - чистотата на водата таму е тешко да се пренесе преку слики. Нијанси на ултрамарин на водата изгледаат особено импресивни покрај "чистиот" златен песок на плажа.
Островот Халавели на Малдивите е опкружен со идеални плажи, палмини градини и песочен влез кон водата, која блеска на сонцето со сите нијанси на тиркизна.
Можат да се наведат уште стотици неверојатни места на Земјата, каде што водата е продолжение на небото и ќе можете да уживате во оваа бескрајна убавина. Меѓу нив се езерото Креитр во Орегон, водите околу филипинскиот остров Палаван, езерото на петте цвеќиња, Кина и осмото чудо на светот - Плитвички езера во Хрватска.