(ФОТО) Кај соседите половина метар снег
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2019
Половина метар снег има во Србија.
Снегот кој почна да паѓа во текот на ноќта во Белград паѓа и денеска, а се очекува и наредните денови да не престане да паѓа.
Градоначалникот Зоран Радојичиќ за телевизија ТВ прва изјави дека прогнозата на метеоролозите е поинаква, односно дека очекувал помалку снег.
„Градските служби константно се во четврт степен на подготвеност. Сите служби работат и прекувремено и даваат се од себе да ги ублажат проблемите“, вели тој.
Хаос настана денеска, се преврте автобус, улици се завеани, автомобили оштетени.
Снег во Србија ќе паѓа до недела. И Македонија утре ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд, каде што врнежите ќе бидат обилни и поројни. Се очекуваат и до 50 цм снег.фото Курир