Добивај вести на Viber
За само три месеци од почетокот на сезоната за изнајмување велосипеди за оваа 2014 година се уништени 6 (шест) велосипеди на ЈП „Градски паркинг“, информира Град Скопје.
Според податоците на претпријатието надлежно за одржување на велосипедите за изнајмување, од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до месец јуни 2014 година уништени се вкупно 150 велосипеди, кои повеќе не се во употреба, а 9 (девет) се украдени.
Екипите на ЈП „Градски паркинг“ секојдневно вршат поправки и ги сервисираат велосипедите за тие да бидат безбедни за користење. Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, односно поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Потоа, полицијата трага по сторителите.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди од ЈП „Градски паркинг“.
Табеларен приказ на број на уништени и украдени велосипеди, по години.
Година
|
Уништени
|
Украдени
|
2010
|
11
|
0
|
2011
|
10
|
0
|
2012
|
58
|
7
|
2013
|
65
|
2
|
2014 (јуни)
|
6
|
0
|