ФОТО: Мигрантите палеа и фрлаа камења во кампот Мориа
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2016
Мигранти протестираат денеска во бегалскиот камп во Мориа на грчкиот остров Лезбос.
Тие се револтирани затоа што се доцни со разгледувањето на нивните барања за азил. Меѓу мигрантите најбројни се оние од Пакистан и Бангладеш кои фрлаа камења и палеа ќебиња. Вработените во службата за азил го напуштиле објектот кој мигрантите го запалиле. Пожарникари го гаснат пожарот, а полицијата се обидува да воспостави ред меѓу мигрантите. Барателите на азил чекаат со недели или месеци да се обработат нивните барања.
Во последните три дена на грчките острови во Егејско Море од Турција пристигнаа повеќе од 330 бегалци, објави грчкиот весник „Етнос“. Вкупно на грчките острови има 11.595 мигранти, а место има за околу 5.000 лица.