30 Април, 2024
0.0288

(ФОТО) МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЦАРОВСКА СО ЛИЧЕН ПРИМЕР - го испрати своето „третаче“ на физичка настава

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за образование Мила Царовска денеска преку личен пример покажа како треба да се однесуваат дечињата кои ќе тргнат во училиште со физичко присуство, а тоа се оние од прво до трето одделение. Но, како и нивните родиели треба да ги советуваат и да ги подготват да оваа, многу поинаква учебна година од другите. 
Таа и нејзиниот сопруг денеска го испратија на училиште синчето Давид.
„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце“, му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение. 
Ова министерката го напиша на својотр фејсбук профил, објавувајќи и убави фотографии од тргнувањето во училиште на нејзиниот син.

Вели дека ова е нејзината порака и до сите деца.
Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“, им посака министерката Царовска на сите ученици. 

Инаку, денеска, во услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, официјално почна новата учебна година во земјава. 

Согласно Планот и протоколите за организација кои ги подготвија институциите на системот во меѓусебна соработка и со поддршка на бројни засегнати чинители,  наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина. 

Министерката Царовска потенцираше дека оваа година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи, како што рече, пандемијата предзвика тектонски промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт и очекува соработката да продолжи и во периодот што следи.

„Со задоволство можам да кажам дека ја завршивме успешно обуката на наставниците за користење на платформата. 1.600 наставници ги поминаа обуките од мастер тренерите и станаа училишни обучувачи. Тие понатаму ги обучуваа наставниците во сите училишта во државата. Најважно е што во секое училиште имаме училишни обучувачи кои вештините за работење на платформата ги пренесуваат на нивните колеги и ќе бидат нивна поддршка“, нагласи Царовска, додавајќи дека колегите од ФИНКИ во текот на целата учебна година ќе бидат на располагање за наставниците, родителите и учениците, а со цел навремено надминување на евентуални предизвици од техничка природа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање