Добивај вести на Viber
Поради влошената здравствена состојба на шоуменот Игор Џамбазов, одложен е неговиот концерт, кој требаше да се одржи на 26 декември.
Џамбазов повторно е хоспирализиран во болницата „Филип Втори” и е во стабилна состојба, но е задржан за дополнителни испитувања.
Актерката Весна Бејби Петрушевска, синоќа на својот Фејсбук профил објави фотографија од Џамбазов и на фановите им порача дека ќе биде добро.
„ Џамбо Фестивалот со сигурност ќе се одржи бидејќи „Игор живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно“ - сподели Весна.
Популарниот актер, водител, музичар и писател инсистирал да се одржи концертот, но најблиските успеале да го премислат.
Концертот е презакажан за 14-ти февруари следната година, а ќе се одржи во „Метрополис арена”