08 Мај, 2024
0.0254

(ФОТО) ПЕНДАРОВСКИ: До крајот на годината очекувам да ја постигнеме целта – полноправно членство во НАТО

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на државата, Стево Пендаровски присуствуваше на најголемата воена вежба во нашата земја, насловена „Одлучен удар“на која учествуваат околу 2700 војници.

За време на вежбата во Битола граѓаните можеа да видат воена опрема, вооружување, војници, старешини кои во изминатите педесетина дена учествуваа на вежбата која се одвиваше на воениот полигон Криволак.

Претседателот на својот фејсбук напиша дека му е посебна чест што во вежбата учествувале и припадници на американскиот контигент, од кои околу 40 проценти биле во составот на мултинационалната вежба.

„ Имавме над 1.200 американски војници на наша територија, што е само показател дека стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави трае, успешно е, ефикасно е, и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е нашето полноправно членство во НАТО“, напиша Пендаровски.

Вежбата „Одлучен удар“ се изведува на армискиот полигон „Криволак“ од 5 јуни до 9 јули и на неа учествуваат околу 2.700 војници од Северна Македонија, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Целта на вежбата е зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста, унапредување на заемното разбирање, доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.


Фото pretsedatel.mk

Можеби ќе ве интересира

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа