05 Мај, 2024
0.0267

(ФОТО) ПОДЗЕМЕН ГРАД: 4 тајни кои се кријат под Москва

Објавено во: Свет, Стил 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Под улиците на Москва, длабоко под земјата се крие вистински подземен град. Мистериозни тунели, комунистички бункери и магацини се дел од тајните, кои рускиот град ги чува во тајност.

Бункер 42

Бункерот е изграден во 1950 година во екот на Студената војна. Влезот во овој бункер е заштитен со бетонска плоча дебела 6 метри, а се наоѓа сокриен зад лажна куќа од 19тиот век. Ова засолноште се наоѓа на длабочина од 65 метри, а е високо како зграда од 17 спратови.

cold-war-museum-moscow-model_14506387694

Комплексот се простира на повеќе од 7 000 метри квадратни, и се состои од 4 системи на тунели.

Бункерот бил изграден како командантно место за авиацијата, а поседувал и инфраструктура и опрема за задоволување на основните животни потреби, такашто можеби служел како командантен центар во случај на нуклеарен напад над Москва.

Бункерот на Сталин

Russia, Moscow, Izmailovo-area, Stalins Bunker, formerly top secret bunker of World War Two Soviet Leader, conference roomБункерот на лидерот на Советскиот сојуз е изграден во 1930 година. Тогаш било планирано овој простор да се користи командантен центар на СССР. Има тунел кој е долг 17 километри и го поврзува бункерот со Кремљ.

Сталин од овој бункер се бореше во крајот на ноември и почетокот на декември 1941, од каде дал наредба дека Москва не смее да се напишти и земјата мора да се брани.

Денес, сталиновиот бункер е претворен во музеј.Овој подземен објект е релативно мал. Во него се наоѓаат само најнеопходните простории: сала за седници, работен кабинет, соби за одмор, кабинет на генералот, простории за обезбедувањето и трпезарија.

3. Неглинка

neglinka006_14506390421

Неглинка е лева притока на реката Москва. Долга е седум и пол километри, а во летописите за првпат се споменува во 1147 година, исто како Москва. Неглинка извира на површината, во реонот Марјина рошча, потоа како понорница протекува под центарот на градот, па повторно извира кај Александровската градина и се влева во реката Москва низ широк камен отвор на брегот што се гледа од Големиот камен мост. Речиси по сиот свој тек Неглинка протекува низ тесен камен тунел сличен на цевка. На почетокот на 19 век нејзиниот тек бил канализиран со колектор. Една приватна компанија организира екскурзија на подземниот тек на Неглинка.

Но, се случува договорените екскурзии да бидат откажани во последен момент поради дожд, зашто тогаш расте нивото на водата во реката. Реката Неглинка важи за едно од најтаинствените и најмистичните места во Москва: авантуристите и истражувачите на московското подземје тврдат дека во овој тунел често доживуваат привидувања. Во камениот тунел се влегува низ колектор што се наоѓа во близина на метро-станицата „Сретенски булевар“.

4. Сјановските каменоломи 

Сјановските каменоломи се наоѓаат во Подмосковје, недалеку од селото Старосјаново. Од овие каменоломи потекнува варовникот кој во минатото бил користен за изградба на тврдини и на храмови во „белокамената“ Москва. Сјановските каменоломи се отворени во 17 век.

Влезовите во Сјановските каменоломи се затворени во 1974 година. Во тоа време системот на подземни премини бил долг над 90 километри. Група ентузијасти во 1988 година повторно ги откопала и отворила еден од влезовите во Сјановските каменоломи, кои, благодарение на мештаните од околината и на постојаните посетители, беше реновиран во 2007 година.

Постојаните посетители на Сјановските каменоломи себеси се нарекуваат „системшчики“, по примерот на некогашното советско хипи-движење. Во овие подземни тунели и премини се разви своевидна супкултура со свои правила, митови и ритуали.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз