РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка
Објавено во: Свет 04 Мај, 2024
Русија покрена кривична постапка против претседателот на Украина, Володимир Зеленски и по него распиша потерница, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.
Од Министерството не соопштуваат дополнителни информации за постапката против Зеленски.
Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија издаде налози за голем број украински и европски политичари.
Во февруари беа издадени налози за естонската премиерка Каја Калас, литванската министерка за култура и членовите на последното свикување на латвискиот парламент.
Руска потерница е распишана и по обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој минатата година подготви потерница за рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.