ФОТО: Посетете го градот кој никогаш не спие…
Објавено во: Стил 28 Јуни, 2016
Градот кој никогаш не спие - Њујорк, е еден од најголемите градови во светот и осмиот по густина на население.
Овој град е посакувана дестинација за милиони туристи годишно.
Њујорк е еден од најимпресивните мегаполиси во светот - има значително влијание врз трговијата, финансиите, медиумите, уметноста, модата, истражувањата, технологијата, образованието и забавата.
Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД.
Њујорк е град во кој се родиле многу културни движења.
Претпознатлив е меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз, од кои поголемиот број функционираат 24 часови дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители. Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД.