(ФОТО) ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Сакала да докаже дека може да биде мајка и успешна деловна жена
Објавено во: Економија 15 Мај, 2017
Ана Бајагиќ, иако работела во странска компанија, решила да даде отказ и да почне свој бизнис.
Со голем ризик, но и големо задоволство тргнала во остварување на своите цели.
Почнала да изработува гравирани сукала кои оставаат траги на тесто и колачи.
Сакала да гради бизнис на здрави темели и да има долгорочни резултати.
„Мотиви да почнам приватен бизнис беа повеќе. Сакав да се посветам на семејството на најдобар можен начин, да покажам дека како мајка можам да растам деца и да бидам успешна деловна жена. Секогаш верував дека за добар и вреден работник секогаш има работа“ - вели таа.
Била оптимист дека доаѓаат подобри денови. Првото сукало го направила како подарок за своја пријателка.
Неколку месеци биле потребни да се истражи пазарот, да се најдат доставувачи, да се тестира квалитетот и да се исправат грешките.
Бајагиќ не се плашела од неуспех затоа што била свесна дека ќе има падови и подеми.
Денес внимателно ја креира мрежата на купувачи и доставувачи.
Ги вложила сите пари кои ги имала, а вели дека големи вложувања допрва ја очекуваат.
За сите кои сакаат да почнат свој бизнис оваа жена објаснува дека нивната идеја мора да биде уникатна и интересна.