(ФОТО) ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПУТИН: Полицијата апсеше во повеќе градови
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
Руската полиција уапси повеќе од 380 демонстранти кои протестираа против претседателот Владимир Путин.
Полицијата соопшти дека само во Москва се притворени 263 лица, затоа што „го нарушиле јавниот ред и мир“.
Државната агенција ТАСС објави дека некои приведени имале ножеви и бејзбол-палки. Раша тудеј, соопшти дека се уапсени екстремисти што планирале подметнување пожар во Москва.
Полицијата претходно ги забрани овие собири.
Протестот е организиран од лидерот на опозицијата, Вјачеслав Малцев, кој беше кандидат за парламентарните избори во Русија во 2016 година. Преку протестите целта беше да се побара оставка од Путин.
Малцев си замина од Русија и живее во Франција. Се залага за „народна револуција“ преку протести низ цела Русија. Тој е добро познат видеоблогер и еден од најпопуларните националисти во Русија.