(ФОТО) Сончевото затемнување ги чинеше американските работодавци 700 милиони долари
Објавено во: Свет 22 Август, 2017
Целиот интерес кон сончевото затемнување во САД синоќа оди на сметка на работодавците. Уникатната појава која помина низ 110 километри од копното на земјата, ќе донесе 694 милиони долари загуби поради вработените кои ја напуштиле работата, за да го набљудуваат овој природен феномен. Ова се наведува во извештајот на Challenger, Gray & Christmas.
Експертите проценуваат дека на луѓето им требале околу 20 минути за да го следат затемнувањето. Challenger пресметува загуби од речиси 700 милиони долари, користејќи ги стапките на часовно плаќање и други податоци од Бирото за трудова статистика.
Аналитичарите предвиделе дека 87.3 милиони работници ќе бидат надвор од работа за време на затемнување. Сè уште нема официјални податоци за тоа колку всушност го гледале затемнувањето во САД.
„Тоа не значи дека работодавците треба да се качат на прозорците и да ги држат вработените заклучени во конференциската сала, додека затемнувањето не заврши. Напротив тие треба да бараат како да го претворат овој недостиг на перформанси во начин да го зголемат поттикот и да ги зајакнат, користејќи го затемнувањето", вели Ендру Ченгингер, потпретседател на компанијата.
Меѓутоа, градовите каде затемнувањето се гледаше најдобро привлекоа милиони долари од туристите кои доаѓаат тука специјално за настанот.