(ФОТО) СТАЈЛИНГОТ НА РАМА: И во Драч како домаќин носи патики
Објавено во: Балкан 26 Август, 2017
Албанскиот премеир Еди Рама, домаќин на неформалниот останок на премиерите од земјите на Западен
Балкан што овој викенд се одржува во Драч, високите гости ги дочека во спортски
стил и патики.
Тој денеска беше облечен во летна варијанта - лежерно одело и бели „адидас" патики.
Албанскиот премиер се појави во бели "aдидас" патики и на Самитот на американско - јадранската
повелба во Подгорица на почетокот на овој месец.
Претходно и на форумот за цивилно општество во рамките на Самитот во Трст во јули дојде во бели
патики и црн костум.
Рама со своето облекување привлече внимание и на состанокот на лидерите од Западен Балкан во Брисел со
високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Таму носеше патики, тренерки, и тегет сако.
Рама беше критикуван заради стилот на облекување, а на еден од овие настани не му беше дозволено да се фотографира на групната фотографија со другите лидери.