(ФОТО) СУДИРИ БЛИЗУ ПОЈАСОТ ГАЗА: Има мртви и ранети
Објавено во: Свет 30 Март, 2018
Mинистерството за здравство на Палестина објави дека три лица се убиени, а 365 се повредени во судирите со израелски војници на границата меѓу Појасот Газа и Израел. Велат дека дел од повредите се нанесени од гумени куршуми, а дел од солзавец.
Палестинците во Појасот Газа планираат да започнат протест со шатори во траење од шест недели во близина на границата со Израел на кои ќе бараат на палестинските бегалци да им се овозможи да се вратат дома. Израелската војска го зголеми обезбедувањето на границата. Во соопштението од израелската армија се наведува дека Палестинците фрлале камења и запалени гуми врз изралеските војници, кои возвратиле со солзавец и со огнено оружје. Израелската армија наведе дека нема да толерира оштетување на границата и дека за тоа е одговорен Хамас. Повикот за протест е упатен од милитантната група Хамас која владее во Појасот Газа.