(ФОТО) СВИРЕПО УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА - 18 годишниот Филип застрелан во глвата во возење
Објавено во: Балкан 06 Септември, 2020
Србија вчера попладне беше потресена од свирепо убиство, во кое животот го загуби 16 годишно момче.
Пукањето се случило вчера околу 17 часот, во Бањица, а покрај настраданиот 18 ходишен Филип Л., бил повреден уште еден млад човек, Алекса Ѓ., кој има 21 година. Тој е ранет во ногата и има повреди на главата.
Филип бил застрелан во главата и останал мртов на самото место. Тој потоа долго останал на улицата облеан во локва крв, се додека не завршиле потребните процедури за истрагата.
Како што пишува српски Курир, ранетиот Алекса Ѓ. на полицијата и е познат од минатото за неовластено производство и дистрибуција на наркотици, спречување службено лице во вршење службени должности, насилно однесување, како и кражба.
Според неофицијални информации, тој бил на возачкото седиште во автомобилот, додека убиениот млад човек седел зад него.
Филип живеел недалеку од местото на злосторството. Напаѓачите пукале кон мажите со огнено оружје, при што Филип бил застрелан во главата.
Полицијата уапсила тројца осомничени кои го убиле младиот човек, а другиот го раниле сериозно. Имено, со молскавична акција и блокада на тој дел од Белград, полицијата успеа да ги фати осомничените за злосторството.
фото: Курир.рс