04 Мај, 2024
0.0249

(ФОТОГАЛЕРИЈА) БАНКИТЕ И ДЕНЕСКА ПОД „ОПСАДА“ - граѓаните на ладно трпеливо чекаа за државните 6.000 денари

Објавено во: Финансии 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

И денешниот ден донесе редици и метеж пред банките од големиот број граѓани кои таму чекаат со часови за државната помош од 6.000 денари, која ја доделува власта за надминување на последиците од ковид кризата кај ранливите категории граѓани. 

Фактор објвува неколку фотографии од денешната состојба надвор пред банките, со оглед што во внатрешноста на банкарските филијали можат да влезат само ограничен број граѓани, поради мерките за заштита од вирусот ковид 19.

Еве како изгледаше состојбата во некои од банките.

Од фотографиите може да се забележи дека и пред самите банки, поради големиот наплив од граѓани, неопходната социјална дистанца од 1,5 метри за заштита од коронавирусот, дефинитивно не се почитува.

Секако дека оваа државна помош која ја добиваат граѓаните е добредојдена, ама создаде и своевиден хаос кај граѓаните. Дел од нив не ги ажурирале сметките па ним парите не можеа да им легнат, дел имале блокирани сметки па излезе дополнителен проблем. Сето тоа, како што веќе пишуваше Фактор, создаде метеж пред банките.

Она што е важно а што го потенцираат банките е дека граѓаните кои се приматели на парична помош од 6.000 денари треба да внесат свои нови податоци во банките преку кои се издава помошта. Ако тоа не го сториле претходно и не ја користат сметката редовно тоа мора да го сторат до утре, односно до 25 декември. Тие пак што биле блокирани секако ќе ги добијат парите, ама мора да дадат ажурирани податоци за да им се отворат наменски сметки. Од Владата се децидни, а така пишува и во Законот дека граѓаните со блокирани сметки секако ќе ја добијат помошта.

Од Владата смируваат и велат дека без оглед на ситуацијата, сите кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат парите. Тие можат да се трошат без ограничување во денови и исто така без потреба да се за македонски производи. 

Помошта ја добиваат 283.000 граѓани од ранливите категории. Владата веќе уплати 24,6 милиони евра и целта е да им се помогне на ранливата категорија граѓани за полесно пребродување на кризата, а средствата кои ќе ги потрошат ќе се вратат во стопанството.

фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите