18 Декември, 2025
0.0534

До утре граѓаните да достават ажурирани податоци до банките за државните 6.000 денари

Објавено во: Економија 24 Декември, 2020 08:44

Добивај вести на Viber

Помошта е добредојдена, ама создаде и своевиден хаос кај граѓаните. Дел од нив не ги ажурирале сметките па ним парите не можеа да им легнат, дел имале блокирани сметки па излезе дополнителен проблем. Тоа создаде гужви пред банките.

Она што е важно а што го потенцираат банките е дека граѓаните кои се приматели на парична помош од 6.000 денари треба да внесат свои нови податоци во банките преку кои се издава помошта. Ако тоа не го сториле претходно и не ја користат сметката редовно тоа мора да го сторат до утре, односно до 25 декември. Тие пак што биле блокирани секако ќе ги добијат парите, ама мора да дадат ажурирани податоци за да им се отворат наменски сметки. Од Владата се децидни, а така пишува и во Законот дека граѓаните со блокирани сметки секако ќе ја добијат помошта.

Од Владата смируваат и велат дека без оглед на ситуацијата, сите кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат парите. Тие можат да се трошат без ограничување во денови и исто така без потреба да се за македонски производи. 

Помошта ја добиваат 283.000 граѓани од ранливите категории. Владата веќе уплати 24,6 милиони евра и целта е да им се помогне на ранливата категорија граѓани за полесно пребродување на кризата, а средствата кои ќе ги потрошат ќе се вратат во стопанството.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа