(ФОТО+ВИДЕО) Масовна тепачка на мигранти во Франција, изби и пожар
Објавено во: Свет 11 Април, 2017
Повеќе од 10 лица се повредени во судири меѓу Курди и Авганистанци во мигрантски камп крај францускиот град Дункерк, пренесе англиското издание на Франс 24.
Поради судирите морало да интервенираат полицајци. Во тепачката учествувале до 150 мигранти, а некои избодени со нож се префрлени во болница.
Последниот пожар уништил дрвени градби, каде живееле близу 1.500 мигранти, кои чекаат да стигнат до Велика Британија. Мигрантите се сместени во две блиски гимназии.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Голем дел од нив биле сместени таму по уништувањето на кампот крај градот Кале, познат по прекарот „џунглата“.