(ФОТО+ВИДЕО) НАПАДНАТИ АВТОБУСИ ВО ФРАНЦИЈА: Мета беа приврзаниците на Марин Ле Пен
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2017
Противници на Националниот фронт денеска нападнаа автобуси со партиски активисти кои патувале на голем митинг на лидерката, Марин Ле Пен во Нант.
Инцидентот се случил на патот меѓу Рен и Нант, двата најголеми градови во западна Франција.
Околу 50 агресивни активисти го блокирале патот на три автобуси, во кои патувале приврзаници на ФН и политичари од партијата. Тие фрлале молотови коктели. Сепак, нема повредени лица.
Големиот митинг на Марин Ле Пен, се одвива во атмосфера на напнатост и засилени мерки за безбедност. Околу 2000 луѓе во Нант протестираа против Ле Пен.