(ФОТО+ВИДЕО) НЕСРЕЌА КАЈ АЛЕКСАНДРИЈА: Се судрија два воза
Објавено во: Свет 11 Август, 2017
Повеќе од 36 лица се загинати, а над 100 се повредени во судир на два воза во Египет.
Возовите денеска се судриле во близина на градот Александрија. Според извештаите, еден од возовите патувал од главниот град Каиро, а другиот од Порт Саид на северниот дел на Суецкиот канал. Во извештаите на државната телевизија во кои се цитираат претставници на Министерството за транспорт стои дека несреќата најверојатно е предизвикана поради дефект на еден од возовите.
Во Египет во последните години се случија повеќе несреќи. Во 2002 година се запали воз што сообраќаше на југот на земјата при што загинаа повеќе од 360 луѓе.
Медиумите пренесуваат дека железниците во земјата се во многу лоша состојба.