(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Реки вода по улиците
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2017
Невреме денеска ги зафати северните делови на Србија.
Најтешка е ситуацијата во Нови Сад каде што подвозниците се веќе целосно под вода.
Во Нови Сад околу 12 часот врнеше силен дожд проследен со град.
Голем број улици се под вода, а сообраќајот се одвива отежнато.
Дожд и грмотевици има во Лозница, Кикинда, Сомбор, Палич, Зрењанин и на други места. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од невремето.
Слично време се очекува и за утре во Србија, според најавите на синоптичарите.