(ФОТО+ВИДЕО) Уште еден град уништен во пожар, на Божиќ граѓаните спасуваа жива глава
Објавено во: Свет 25 Декември, 2019
Голем пожар го уништи градот Валапараисо во Чиле, а во тек е масовна евакуација.
Огнот уништи најмалку 120 куќи. Се верува дека пожарот е подметнат.
Дури 90.000 домови се без струја. Огнот го гаснат пожарникари од повеќе градови.
Валпараисо е град познат по шарени дрвени куќи, и е многу популарен за туристите.
Поради пожарот прогласена е вонредна состојба. Оваа трагедија се случува додека Чилеаните го слават Божиќ. Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера изрази жалење за пожарот.Цел еден град од пожар деновиве е уништен и во Австралија. Куќите станаа пепел, а автомобилите се стопија.