(ФОТО+ВИДЕО) ЗАРАБОТУВА ПО 100 ЕВРА НА ДЕН: Има два совети за сите луѓе
Објавено во: Економија 26 Мај, 2017
Иван Цветковиќ кој уште го нарекуваат и „српски Спајдермен“, веќе седум години се занимава со алпинистичко миење на прозорци и вели дека се навикнал на работата и не чувствува страв.
Вели дека за оваа работа е потребна сила, спортски дух, но и храброст.
„Работата е интересна, динамична, и се навикува човек на таа височина и на такво работно опкружување. Во суштина, на нас на крајот резултатот ни е важен“ - вели тој.
Освен во Србија, работи и во различни градови во Црна Гора.
Дневно заработува од 50 до 100 евра.
„Стаклата се сметаат на квадрат, а некои специфични работи одат на дневница. Ова ни е сезонска работа, но излегува како годишна просечна плата. Највеќе работа има во пролет и есен, на лето е лошо да се работи, а во зима нема смисла да се работи ова“ - додава Цветковиќ.
За луѓето кои сакаат да се занимаваат со оваа работа им советува дека од ова може да се живее, но прво треба да почнат со некој спорт за да ја совладаат подоцна и работата.