02 Мај, 2024
0.4068

Францускиот јавен дефицит се продлабочува

Објавено во: Свет 07 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Дефицитот на француската држава на крајот од месец март порасна на 31 милијарда евра, наспроти 29,4 милијарди евра пред една година, јави дописникот на МИА од Париз.

Во соопштението на француското Министерство за буџет се наведува дека расходите во првите три месеци од годината достигнале 90,2 милијарди евра, односно 3,5 отсто повеќе отколку во првиот квартал на 2012 година, иако трошоците поврзани со францускиот долг се намалени за 7 проценти на 2,6 милијарди евра, благодарејќи на ниската каматна стапка на кредитите со кои се финансира Франција.

Трошоците поврзани со вработените во државната администрација се зголемиле за 1,9 отсто во однос на 2012 година, а во исто време на 31 март Франција во Буџетот на ЕУ уплатила 8,9 милијарди евра, односно 1,1 милијарда евра повеќе од лани.

Приходите во буџетот се зголемиле за 2,2 отсто на 69,6 милијарди евра, наспроти 68,2 милијарди од пред една година, и покрај зголемувањето на давачките предвидени со законот за финасии за 2013 година.

Само од новите лиценци за 4Г мобилна телефонија од типот е остварена  добивка од 2,6 милијарди евра.

Чистиот даночен приход се зголемил за 3,3 отсто на 68 милијарди евра, а заработката од данокот на лични примања забележа скок од 9,3 проценти на 18,6 милијарди евра.

Француската Влада предвидуваше дефицитот до крајот на 2013 година да го сведе на  три отсто од БДП, но со зелено светло од Европската комисија се откажа од ваквата цел, која предвидуваше намалување на дефицитот на 62,3 милијарди, наспроти ланските 87,2 милијарди.

Владата на Франција сега предвидува дефицит од 3,7 отсто од БДП со економски раст од 0,1 проценти, што според Брисел е опримистичка прогноза.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си