Фрчкоски: Заев успеа да го мобилизира членството со „метлата“
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2019
Љубомир Фрчкоски, поранешниот министер за внатрешни работи, за балканската „Ал Џезира“ истакна дека победата на Стево Пендаровски над Гордана Силјановска Давкова со повеќе од 50.000 гласови разлика на претседателските избори се должи на тоа што премиерот Зоран Заев успеал да го мобилизира членството на СДСМ во вториот дел од кампањата.
- Некои од внатрешните реформи одеа пребавно додека акцентот беше ставен на меѓународната политика. Начинот на водењето на администрација беше кикс. Има многу некомпетентности и непотизам. Но Заев успеа да го мобилизира во меѓувреме членството со концептот на „метлата“ што ја најави - рече Фрчкоски.
Професорот рече дека првите придобивки од стапувањето на Пендаровски на функција шеф на државата што ќе профункционира дипломатската мрежа.
- Многу е важно што СДСМ победи во македонскиот блок во вториот круг од претседателските избори. Разликата беше повеќе од 50 илјади гласачи, но во оваа разлика нови албански гласови имаше само 30.000. Тоа е добро затоа што повеќе не се спорни идентитетските прашања во договорите со Грција и Бугарија - додаде тој.