29 Април, 2024
0.0251

(ГАЛЕРИЈА) БОЖИЌНИ СЛАТКИ И ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА: Најубавите божиќни базари во Европа

Објавено во: Стил 23 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Мирис на празници и Божиќни слатки денес ги исполнуваат најголемите европски градови...

Лондон

bazar london

Грандиозната божиќна дестинација во Лондон е „Winter Wonderland“ во Хајд Парк. Пазарот трае 6 возбудливи недели, а започна на 20 ноември. Влезот е слободен и има повеќе од 100 атракции - за секого по нешто.

Бирмингем

bazar birmingen

Во Бирмингем е најголемиот Божиќен пазар во Европа со 5,5 милиони посетители годишно. Оваа година има над 180 локации во рамките на чаршијата. Тој е отворен на 12 ноември.

Виена

bazar viena

Во пресрет на Божиќ, секоја година Виена станува голем отворен пазар. Мирис на вино и Божиќни слатки денес ги пополни најпознатите плоштади во градот.

Келн

bazar keln

Од 23 ноември до 23 декември, може да се почувствува магијата на Божиќ во овој чудесно украсен град.

Лил

bazar lil

Во срцето на зимата, Лил блеска со радост. Целиот град се чини како да е допрен со волшебно стапче и ги поздравува сите кои сакаат да уживаат во новогодишната магија. Пазарот започна од 18 ноември и ќе трае до 30 декември.

Дрезден

bazar drezeden

Во градот Дрезден има 11 базари. Таму можете да уживате во остатокот на театри, специјални изложби и настапи. Тие работат од 26 ноември до 24 декември.

Лајпциг

bazar lajpcig

Божиќниот базар во Лајпциг е еден од најстарите во Германија. Тој датира од 1458 година и располага со шест специјални базарни сектори, распоредени на целата историски фасцинантен поглед во центарот на градот.

Нирнберг

bazar nirnberg

Мирисот на греано вино, печени бадеми, и топол леб го исполнуваат воздухот во Нирнберг. Сето тоа започнува со отворањето на Christkindlesmarkt.

Брисел

bazar brisel

Пазарот во Брисел е исполнет со радост, светлина и празнична атмосфера. Тој отвори на 27 ноември и продолжува до 3 јануари.

Колмар

bazar kolmar

Колмар е град каде што можете да уживате во магијата на Божиќ во текот на 6 недели низ лавиринтот од мали улички и вековните стари куќи во уникатна празнична атмосфера.

Ахен

bazar ahen

Секоја година пред Божиќ плоштадите и улиците пред главната катедрала во Ахен, се претвораат во рај од светла и бои, весели звуци и заводлива мириси.

Загреб

bazar zagreb

Првиот град во листата на најдобрите европски дестинации за Божиќ е Загреб. На улиците на овој град сте поканети да учествувате со песни, ора и други видови забава. Пазарот започнува од 28 ноември до 10 јануари.