29 Април, 2024
0.0315

ГАЛЕРИЈА: Како Македонка стана телевизиски новинар во најуникатниот ресторан во Доха

Објавено во: Економија 06 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Секој може да биде телевизиски презентер во едно од најмодерните и најиновативни студија за вести кое се наоѓа во Доха, Катар. Македонката Ангела Николовска која веќе неколку години живее во Доха за Фактор го раскажува искуството од престојот во „Ал Џазеира Медиа кафе“. 


Станува збор за уникатна кафетерија со ресторан во која менито е на екран на допир.




Сепак тоа можеби не е и најголемата причина за восхит. Во оваа кафетерија има интерактивно студио, а сите светла се вклучуваат кога некој ќе влезе и ќе ја има уникатната можност да биде презентер. 



Обраќањето се снима, па може да се понесе и дома.

„Al Jazeera Media Cafe според мене е нај уникатната кафетерија/ресторан во Доха. Не само поради целата напредна технологија што ја користат, туку и заради тоа што навистина се чувстуваш како да си дел од еден светски познат медиум како што е Al Jazeera. Постојано нешто се случува. Често може да се сретнат врвни новинари што ги споделуваат своите приказни од целиот свет. Имам слушнато многу и навистина на голем дел од нив им се восхитувам на храброста да известуваат од земји каде што има војна или некоја елементарна непогода. Често се одржуваат трибини, се даваат документарци, филмови и разни снимени материјали од терен, вели Николовска.


Импресионирана е од студиото иако таа често оди таму и само на кафе или на ручек.

„Сепак, она што најмногу ми остави впечаток е студиото. Понекогаш од таму се емитуваат вестите, но кога студиото е слободно, може кој сака, да биде снимен во вид на презентер, и да си одбере позадина која ќе  соодветствува со темата. Следната недела решив и јас да направам едно такво видео. Ќе го испратам во вашата редакција, да може и визуелно да видите за што станува збор, вети Николовска.



А.Т.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините