(ГАЛЕРИЈА) Коѕијас одржа средба со премиерот Заев
Објавено во: Македонија 23 Март, 2018
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, денес во Владата на Република Македонија оствари средба со премиерот Зоран Заев.
Коѕијас се заблагодари на повикот за средба, за што кажа дека е од големо значење за процесот на решавање на спорот со името.
Грчкиот министер за надворешни работи, денес покрај средбите со премиерот Заев и министерот Димитров, ќе се сретне и со претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Тој на овие средби се очекува да ги информира до каде е процесот за решавање на спорот за името.
На средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров беше најавено дека следната недела ќе биде одржана нова средба со Коѕијас и Димитров во Виена на која ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.