05 Мај, 2024
0.0306

(ГАЛЕРИЈА) „LE BRISTOL PARIS“ – Најдобриот хотел на светот!

Објавено во: Стил 07 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Прв во целост реновиран париски хотел, кој совршено го објаснува францускиот начин на живот, „Le Bristol Paris“ е втор по ред претставен на многу престижната листа на - Најдобри хотели на светот ...

Овој хотел е номиниран како најдобар хотел на Франција во категоријата Надобрите големи градски хотели, и од владеачкиот трон го исфрлил шампионот „Ritz Paris“ и „ Four Seasons George V“, кои се најдоа на втората и третата позиција. Ова признание , кое го следи нивниот успех од 2013 година кога се најдоа во врвот на листата најдобрите европски хотели „Le Bristol Paris“ хотелот дал репутација каква само може да се посака.

Идеалната локација на овој хотел, е прекрасна гастрономија која е дело на готвачот Ерик Фрехон кој ги води двата ресторани, најголемата хотелска градина во Париз и над се, најдобрата можна услуга која тие ја нудат, била тајна на нивниот извонреден успех.

„Travel + Leisure“, магазинот посветен на патувања и најдобрите дестинации, на годишно ниво ја сочинува листата на најдобри хотели во секоја земја на светот. Читателите на магазинот го пополнуваат прашалникот преку интернет со кој го покажуваат своето задоволство или незадоволство од услугите на хотелот. Францускиот туризам доби многу добри вести, со оглед на тоа дека пет париски хотели достигнале на врвот на 15 најдобри хотели во Европа: „ Le Bristol Paris“, „Ritz“, „Four Seasons George V“, „Plaza Athenee“ и „Le Meurice“.

Диди Ле Калве, извршниот директор на  „ Le Bristol Paris“ хотелот вели дека е почастен со ова признание: „Да се најде на листата најдобри хотели на светот беше една од нашите цели и тоа е доказ на посветеноста на нашиот тим посебно на готвачот Ерик Фрехон.

„Travel + Leisure“ магазинот ја забележа реновацијата на нашиот хотел која е вредна преку 150 милиони евра, а кои на оваа установа и подарија нов живот, проткаен со оригинална елеганција на француските уметности на живеење кои ни донесе ваква реномираност“.

le-bristol-paris-najbolji-hotel-na-svetu_2le-bristol-paris-najbolji-hotel-na-svetu_3le-bristol-paris-najbolji-hotel-na-svetu_4le-bristol-paris-najbolji-hotel-na-svetu_6lle-bristol-paris-najbolji-hotel-na-svetu_5