18 Мај, 2024
0.0462

(ГАЛЕРИЈА) Најспектакуларните аеродроми на денешницата!

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Аеродромот Чанги, Сингапур (отварање во 2018)

Аеродромот кој повеќе потсетува на земајата Оз, визијата е на архитектот Моше Сафдиј, кој рекол дека „проектот е прототип на нов вид урбан простор“.

Изданието чии врати ќе се отворат во 2018 ќе има неколку целини мешу кои се „Шумска долина“, „Дијамантска градина“ и централен дел под името „Врнежлив вител“ во кој доминира водопад висок 40 метри, кој паѓа од врвот на стаклена купола.

Куполата ја прекрива простор од 12.500 м2 во чија вистинска џунгла се кријат луксузни продавници, парк и други објекти.

cangi

Меѓународниот аеродром Мексико Сити, Мексико (отварање во 2018)

Британскиото архитектонско студи „Foster и партнерите“  и мексиканскиот „Fernando Romero ентерпрајс“ најавиле отварање на еден од најголемите аеродроми на светот за 2018 год.

Главниот терминал ќе има површина од неверојатни 555.000 квадратни метри, а ќе биде прекриен со посебен материјал. Предвидено е новата аердромска зграда да биде „зелена“- ќе ја собира дождовницата, соларната енергија и енергијата на ветрот се користи за природна вентилација.

Новиот аеродром се гради како би одговорил на се поголемата фреквентност на патниците во Мексико Сити, а претставува и увертира во плановите на „Фостер“ да изгради приватен космодром на светот.

Meksiko Siti

Чатрапати Шиваји - меѓународен аеродром во Мумбаи, Индија (отворен во 2014)

Дизајниран да потсетува на паунова опашка и традиционални индиски павалјони, карактеристичниот бетонски „балдахин“ го освежил изданието во Мумбаи во февруари 2014 година.

Визијата е на американската компанија „SOM“ која наведува дека „терминалот слави нов, глобален, високтехнолошки идентите на градот, но ја почитува и неговата околина, историја и култура“

catrapati

Bao'an - меѓународен аеродром во Шенжен, Кина (отворен 2013 год)

Терминалот прекриен со кров кој потсетува на кошница во вртоглава должина од дури километар и пол, е изграден по примерот на морска риба, велат од „Studiju Fuksas“

„Во прашање е рива која диша, го менува својот облик, минува низ разни варијации, се претавара во птица и ја слави емоцијата и фантазијата на летото“, се наведува во таа фирма.

Bao'an Чонгкјуинг Џиангбеи - меѓународен аеродром, Кина (отварање 2015)

Архитектите од куќата АДПИ се вклопиле во трендот „пошумување“ на внатрешноста на аеродромот при планирање на новиот терминал за овој аеродром. Двете крила на аеродромот претставуваат две реки кои течат низ градот.

Аеродромот ќе може да се справи со 55 милиони патници годишно, што го вбројува во светски топ 15.

Kina

Пуклово - меѓународен аеродром, Русија (отворен2014)

Дизајнот на новиот терминал во Санкт Петербург е условен од екстремните климатски услови, но и традиција.

Куќата „Гримшо архитектс“ на предизвиците одговорила со фантастичен изглед на плафонот кој „потсетува на  кулите на локалните цркви, но исто така и на реките, острови и мостови од околната средина“.

Зад ваквото решение се крие посебен кров способен да издржи големи снежни насипи.

Другата фаза на изградбата ќе биде завршена годинава, а аеродромот ќе има капацитет од 17 милиони патници годишно.

Rusija aerodrom

Нов аеродром во Истанбул, Турција (отварање 2019)

Компанијата „Гримшо“ е задолжена и за новиот аеродром во Истанбул со шест писти и почетен капацитет од 90 милиони патници годишно и со план на крајот на изградбата тој број да биде 150 милиони патници годишно.

„Ова ќе биде најголемиот аеродромски терминал под еден кров на светот. Не инспирираа локалните бои и украси, квалитетот на светлото и начинот на кој пробива во зградите во градот, како и традиционална архитектура на најголемите џамии“, вели Томас Сток, директор на фирмата Хептик.

Turska

Аеродром Шизоука, планина Фуџи , Јапонија

Аеродромот во позножјето на познатата планина е инспириран од плантажите со чај.

За спектакуларниот дизајн е задолќен наградуваниот архитект Шигер Бан, кој се одлучил гланиот материјал да биде ламинирано дрво кое испреплетено го покрива терминалот и си игра со природното осветлување.