17 Мај, 2024
0.0317

(ГАЛЕРИЈА) СОН: Да си изградиш мала куќичка и да патуваш со неа

Објавено во: Стил 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа приказна ќе ве инспирира. Таа е од оние приказни за кои мислиш дека можеш да ги видиш само во филмовите. Но вистината е дека Сонот се исполнува, ако си доволно храбар да ги спакуваш куферите и да го прошеташ светот. kukicka1 „Пред две години јас и мојот дечко бевме заглавени во долгови - кирии за живеалиштето, студентски кредити, а со професиите едвај успеаве да ги исплатиме долговите. Мислев дека никогаш нема да имаме можност да ги оствариме своите соништа - мојата страст кон пишувањето и неговата кон фотографијата. kukicka2 Идејата да се направиме мала куќичка и да патуваме со неа, дојде сосема неочекувано. Сакавме да патуваме низ Америка во следната една година, живеејќи на тркала. kukicka4 Изградивме малата прекрасна куќичка и тргнавме. Шест месеци, 10 000 милји и незаборавна авантура. Сретнавме безброј интересни луѓе кои ни честитаа на идејата. kukicka5 Патувањето уште повеќе не зближи! Почнавме заеднички проект - јас ги пишував разкажaните приказни од непознатите кои ги среќававме, а тој им правеше убави слики.