(ГАЛЕРИЈА) Урбана „колиба“ од 50 квадрати за млади парови и скромен буџет!
Објавено во: Стил 23 Јануари, 2015
Едноставно и непретенциозно, но и пријатно и практично!
Така може да се опише овој едноставно уреден стан кој се обидува во американски приземен стан да ја долови убавината на вилата во Тоскана, веројатно и благодарение на градината во која станарите може да уживаат.
Секако дека скромен дом во Сиетал никогаш не може да се пресели во Тоскана, но поучен е начинот на кој сопствениците се одлучиле за медитеранските бои на ѕидовите и розевите детаљи.
Сигурно ќе ви се допадне корисната маса создадена од стара машина за шиење, а пленат и едноставните полици, собната врата во најразлични бои и ослободеноста од сите сувишни детали.
Дизајнерски ова не е елитна приказна, но е дом! За млади парови, за скромен буџет - проектот на оваа урбана колиба охрабрува и инспирира.
Погледнете повеќе детали во галеријата со слики и подготвени тргнете во рециклирање на мебелот како и своето катче би го уредиле со расположливите средства.