Познатата пеачка Шакира изгледа има проблеми со продажбата на својата луксузна вила на Мајами Бич.
Таа инаку е сопственичка на оваа вила веќе 13 години. Минатата година ја стави на продажба по цена од 14.95 милиони долари, а сега цената падна за речиси цели два милиони, на 13. Латино поп ѕвездата ја купила оваа вила од речиси 1000 м2 во 2001 година по цена од 3,3 милиони долари, и ја зголемила цената за трипати , со додавање на спални соби и купатила, поради кои сега вилата има додатни 180 м2.
Вилата која има седум спални соби и осум купатила, светли дрвени подови, ултра модерна и луксузна кујна, се наоѓа на преубавиот имот кој е отворен кон океанот и поседува прекрасен базен и приватна плажа.
Нејзини соседи во прединетата Норт Беј улица се Алекс Родригес, Рики Мартин, Џенифер Лопез, Мет Дејмон и многу други.