05 Мај, 2024
0.0258

Галичник Филм Фестивал – свој на своето!

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал. Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика.

Овој млад културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски автори и нивните остварувања од регионот и пошироко.
Селекцијата вклучува 26 филмови од цел свет, во три натпреварувачки категории: Игран, Документарен и Анимиран краткометражен филм.

Ќе се прикажат неколку европски премиери, но и филмски наслови со учества на Оскарите, Канскиот филмски фестивал, Санденс, ИДФА, Венецијанскиот филмски фестивал, Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, Клермонт-Феранд фестивалот за краткометражни филмови, Филмскиот фестивал во Сараево, а сега достапни и пред македонската публика. Добитникот на Оскар за најдобар краткометражен филм, “Кожа” на режисерот Гај Натив и номинираниот за Оскар “Собата за писма” на режисерката Елвира Линд се само дел од врвните филмски достигнувања кои се борат за главната награда.

Домашните автори повторно имаат значајно место во програмата на Галичник Филм Фестивал. На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот “Налепница”по сценарио и режија на Георги М. Унковски. Дополнително ќе имаме можност да го погледнеме и “Кавал” на Саша Станишиќ.  

“Летечки пекинезери” ќе ја заокружат првата фестивалска вечер со концерт на филмска музика, а DJ Чваре ќе се погрижи за атмосферата на затворањето на фестивалот.

Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна во целост. За повеќе информации следете ја Фејсбук фан страната на фестивалот и Фејсбук настанот.

Галичник Филм Фестивал е во организација на Дарма Филм и Месна Заедница Галичник.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ