15 Мај, 2024
0.0290

ГДУ: Приоритет е целосна систематизација и консолидација на здравството

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓанско Демократската Унија се залага за целосна систематизација и консолидација на здравствениот систем, со реформирана Лекарска Комора која нема само да издава лиценци и потврди за лекарски грешки, туку и ќе дава конкретни предлози и решенија за работата на лекарите, порача д-р Енсер Јусуфоски, носител на листата во ИЕ 2 на Граѓанско Демократската Унија. На денешната прес-конференција тој истакна дека итните вложувања во регионалните здравствени центри ќе креираат и нови работни места за младите здравствени работници, ќе создадат услови да ги задржиме во земјава и да помогнат во развојот на здравствената заштита и услуги за граѓаните на Македонија. За ГДУ ова се потези што секоја владина коалиција треба да ги препознае како итна. 

„ГДУ ќе се заложи за неодложни инвестиции во регионалните болници во Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Кичево, Тетово, односно во секој град каде условите за лекување се под минимумот неопходен за пружање здравствени услуги на пациентите. Нашата замисла е да се намали јазот меѓу примарните и секундарните здравствени услуги, а истовремено и локалните власти да почнат да функционираат и да  преземат одговорност и за здравствената политика на своето подрачје. На Македонија и недостасуваат лекари по општа пракса и треба и во таа насока да се мотивираат или да се најде форма да се стимулираат студентите за понатамошното школување. Но, ако како систем им понудиме на младите доктори, сестри, здравствени работници нови, модерни и современи установи за работа, имаме можности да ги задржиме дома, дури и во услови да не може системот да им обезбеди високи плати“, рече Јусуфоски.

Можноста за специјализација и усовршување на знаењето и вештините, според ГДУ треба да биде доволна стимулација да се запре одливот на здравствениот кадар во европските држави.

Промените во Фондот за здравствено осигурување, за кои се залагаме ќе овозможат осигурениците да добијат партнер во делот на здравствените услуги, а не уште две директорски столчиња за пополнување со послушниците на новата владејачка коалиција. Фондот треба да воспостави систем со „Задолжителен пакет“ и „Дополнителен пакет“ за осигурениците. Првиот пакет предвидува задолжителна здравствена заштита за секој, а вториот пакет е незадолжителен, во него доплаќа само оној кој сака и дополнителни здравствени услуги. Планот е услугите од двата пакета на пациентот да му се достапни и во јавните и во приватните здравствени институции според системот на референтни цени за здравствените услуги.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“