18 Мај, 2024
0.0282

Гејмификација, вештачка интелигенција и блокчејн платформи, Фактор ексклузивно од ТИФ во Солун

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Алексис Ципрас го отвори Интернационалниот Саем во Солун на кој секоја година доаѓаат над 180.000 посетители. Оваа година почестена земја е САД и клучен момент имаше Американскиот Павилион каде се претставија најголемите фирми во светот.

Според она што може да се забележи на Интернационалниот Саем во Солун (Thessaloniki International Expo) кој годинава се одржува од 8 до 16 септември, во наредните неколку години може да очекуваме се поактивно вклучување на виртуелната реалност во работните процеси. На штандовите на големата десетка како Microsoft, Facebook, Google, IBM, Procter & Gamble, Coca Cola, Deloitte можеа да се забележи вклучување на концептот на блокчејн, гејмификација, виртуелна реалност (VR), вештачка интелигенција(AI), се со цел за поголема ефикасност и подобрување на работните процеси. 

Но и голем дел од нив промовираа концепти за подобрување на животната околина како новиот концепт на рециклирање Кока Кола “Испечати го градот”, но и апликацијата на Гугл “Google Arts & Cultures” која што дава виртуелна прошетка во над 1500 музеи во светот. Но не само тоа, апликацијата претставува конзервација на светското наследство, бидејќи покрај прошетката содржи информации за секоја слика, скулптура или предмет и секој може да добие информации и да ги погледне одблизу дури и најзаштитените дела.


IBM од друга страна пак се претстави со новиот концепт на Блокчејн Нетворк (Blockchain Network) кој немора да вклучува размена на валути и финансиска трансакција за да се нарекува блокчејн, туку е безбеден начин на поврзување на купувачите со добавувачите. За да го доближи и објасни подобро, IBM користи игра наречена “На кафе со мрежата на IBM”. IBM исто така се претстави и со најновите достигнувања во областа на безбедноста, IBM Security Operations Network, преку користење на виртуелна реалност со која може да се набљудуваат движењата на над 50 луѓе истовремено,да се зумира во нивните системи па дури и да се преслушуваат телефонски разговори. IBM очекува овој новитет да се користи од агенции за обезбедување до казина до банки како дел од нивниот систем на безбедност. 


Facebook ја претстави новата компанија “Oculus”, а редици се чекаа за да се проба 25 минутното виртуелно искуство кое таа го нуди. Не заборави да се осврне и на моќта која овој социјален медиум ја има, па така низ повеќе монитори на штандот на Facebook, можеше да се забележи прашањето “Што и направи Фејсбук на Американската демократија?” притоа алудирајќи на моќта на обединување на народот преку социјални медиуми.


Microsoft овојпат во партнерство со различни стартапи компании до подобрување на системот на “touch”, од ресторани каде нема келнери туку само монитори и апликации, до продавници со интерактивни закачалки кои повторно ја заменуваат работата на продавачките и овозможуваат поголема ефикасност.


Procter & Gamble, користеа гејмификација односно игра (квиз) преку кој посетителите имаа можност да освојат некој од производите, но претходно требаше да слушаат кратко предавање за бенефитите од тој производ за да можат да ги одговорат прашањата.

Според она што можеме да го заклучиме е дека светот се менува, она што ни се чини невозможно или далеку од сега, за 2 години може да стане наша реалност. Треба да го прифатиме тоа и да се едуцираме за промените.

За Фактор од Солун,

Аријана Коскарова ( Creative Hub) 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата