26 Април, 2024
0.0288

Генерали инвестментс: Политичките игри ќе ги плаќаат европските компании и домаќинствата преку високи цени на енергијата

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Првата недела од 2022 година, која најверојатно ќе донесе многу промени и многу турбулентни настани на финансиските пазари е зад нас. Развиените економии пo многу години повторно се соочуваат со прилично висока инфлација, при што централните банки сè повеќе навестуваат крај на периодот на екстремно ниски каматни стапки и бескрајно додавање ликвидност во финансискиот систем. Според тоа, настаните беа доста разновидни на почетокот од новата година. На првиот ден од тргувањето во 2022 година, Apple, како прва компанија во светот, постигна пазарна капитализација од три трилиони долари. Овој податок станува фасцинантен кога ќе го ставиме во поширок контекст: моментално има само четири земји во светот со повисок годишен БДП (САД, Кина, Јапонија и Германија), акциите на Apple ја надминаа границата од еден трилион за прв пат во август 2018 година, а нешто повеќе од две години подоцна тие веќе вредат три трилиони. Иако горенаведените податоци покажуваат дека цените на акциите се високи, малку подетален поглед открива дека тие во голема мера се засноваат на здрави основи, бидејќи односот цена – заработка на компанијата (P/E ratio) бил неколку пати повисок во минатото. Ако на ова се додаде фактот дека Apple (како и другите ИТ гиганти) постојано го проширува своето портфолио и иновации во различни нови области (виртуелна реалност, автономно возење, здравствена заштита итн.), можеме да заклучиме дека има простор за раст. Но, долгорочниот нагорен тренд на берзите е секогаш проследен со привремени кризи и корекции.

Корекциите продолжија и минатата недела. Федералните резерви на САД на својата редовна седница повторно ја изразија својата загриженост поради високата инфлација бидејќи целосната вработеност се приближува до најголемата светска економија и укажа на неминовен пораст на цената на парите. Пазарот го очекува првото зголемување на основната каматна стапка за 0,25% во март годинава. Ова предизвика пад главно на акциите од технолошкиот сектор, при што Nasdaq изгуби повеќе од 3% од вредноста само во средата. Акциите од основната потрошувачка, енергетскиот и финансискиот сектор се покажаа многу подобро, на што секако би одговарал амбиентот со повисоки каматни стапки.

Иако европската берза по состанокот на ФЕД во средината на минатата недела забележа пад, главните индекси се многу помалку изложени на технолошкиот сектор и остануваат блиску до рекордните нивоа. Инфлацијата останува главно прашање и во еврозоната, која во декември го достигна највисокото ниво од 5% пововедувањето на единствената валута. Најголем придонес за растот на цените имаат храната и енергијата, кои беа за 26% поскапи од декември 2020 година. Иако се очекува постепено намалување на инфлацијата во наредните месеци, таа ќе остане над целните 2% уште некое време.

Кинески Evergrande во својот извештај објави дека договорите за продажба на компанијата паднале за дури 38% во 2021 година, но ако светот беше свесен за нивните проблеми, ќе знаеше дека нови прашања за кинескиот пазар на недвижности отвори веста дека Шимао, која важи за една од најдобрите градежни компании во земјата, не ги подмирила навреме редовните обврски кон заемодавците. Речиси 30% од кинескиот БДП, на еден или друг начин е поврзан со секторот на недвижности, така што оваа тема ќе остане важна на светските пазари и во новата година.

Цената на барел нафта минатата недела повторно се приближи до 7-годишниот врв, кој беше достигнат кон крајот на октомври. Цените на природниот гас во Европа повторно пораснаа, кои сè уште се далеку од рекордните достигнувања во декември, но зимата досега беше релативно блага, а ниските температури може брзо да ја влошат енергетската криза во Европа. Испораките на гас од Русија засега остануваат мали. Затоа, самитот на ЕУ го критикува создавањето криза со цел да се изнуди побрзо одобрување на новоизградениот Северен тек 2, за кој се уште се чека потврда од германската и европската бирократија. Политичките игри ќе ги плаќаат европските компании и домаќинствата преку високи цени на енергијата. Тоа е веќе видливо во Велика Британија, каде што некои помали компании, интензивни потрошувачи на електрична енергија, веќе се борат да ги исплатат зголемените трошоци за струја и греење.

Цените на обврзниците благо паднаа во услови на сè порестриктивни тонови на централната банка, при што бараниот принос на германската 10-годишна обврзница се приближуваше кон позитива со тек на време, додека американските обврзници со иста рочност достигнаа 1,8% баран принос.

Совети за инвеститорите

Диверзификацијата останува основната насока за инвестирање. За просечниот инвеститор, глобално диверзифицираните фондови остануваат најдобар избор, додека поединечни потематски фокусирани фондови се додадваат како зачин.  Од клучно значење е да ја одржиме дисциплината и да продолжиме со програмирани уплати, бидејќи историското искуство нè учи да ги собориме врвовите и долините и да излеземе од битката со добар просек.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет