26 Април, 2024
0.0335

Генерали инвестментс: Се очекува инфлацијата да продолжи да ја надминува целта од 2 отсто

Објавено во: Финансии 30 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Уште од почетокот на пандемијата, деловните резултати во САД постојано ги надминуваа предвидувањата на аналитичарите, кажувајќи ни дека аналитичките модели во голема мера ја потценија силата на економското закрепнување, што се рефлектира во премногу песимистички прогнози за профитот на компанијата. Во светло на претстојните соопштенија за деловните резултати за вториот квартал на 2021 година, можеме да очекуваме да продолжи трендот на позитивни изненадувања во областа на објавите во врска со растот на профитот на американските компании. Повеќето аналитичари проценуваат дека клучот за раст на профитот лежи во робусноста на нето профитните маржи. Растот на приходите се очекува да продолжи до крајот на годината, а компаниите ќе се соочат со притисок на страната на трошоците поради нарушувањата во синџирот на снабдување и зголемувањето на трошоците за работна сила, што значи дека компаниите ќе бидат принудени да ги зголемуваат цените на услугите и производите со цел да ја одржат профитабилноста, што пак ќе предизвика дополнително зголемување на инфлациските притисоци. Второто може да ги принуди Федералните резерви на САД (ФЕД) на ран пресврт во монетарната политика (зголемување на каматните стапки), што може да ја забави економската активност во земјата и пошироко. Меѓутоа, ако компаниите утврдат дека побарувачката за нивните производи е релативно еластична, што значи дека зголемувањето на цените негативно ќе влијае на обемот на продадени производи и услуги, а тоа пак ќе доведе до пад на оперативните приходи, тие ќе мора да бараат алтернативни сценарија за одржување на профитабилноста (не само преку пораст на продажните цени), или можеме да очекуваме дека маргините на компаниите ќе почнат постепено да се намалуваат, што значи дека до крајот на годината трендот на раст на профитот на компаниите ќе има забавена динамика.

Слично на другата страна на Атлантикот, повеќето аналитичари се изненадени од силата на економското закрепнување и растот на профитот на европските компании. Во првиот квартал од оваа година, европските компании, на годишно ниво, објавија повеќе од 95% раст на профитот (пресметано врз основа на податоците од 306 компании од индексот на акции Stoxx 600). Растот на профитот е особено силен во цикличните сектори на економијата, како што се индустриските компании, банките, автомобилската индустрија и секторот потрошувачки добра, кои се најсензитивни на повторното отворање на економиите во пост-ковидно опкружување.

На состанокот во јуни, Централната банка на Англија изненади со малку попретпазлива изјава за зголемувањето на инфлациските притисоци во земјата, но и покрај неодамнешната посилна инфлација од очекуваната, сепак очекува истата да биде од привремен карактер. Од последниот состанок на банката во мај, економската активност продолжи да расте нагло, со стапка на инфлација од 2,5% на годишно ниво во мај. Аналитичарите очекуваат инфлацијата да продолжи да ја надминува целта од 2% во наредните месеци, ставајќи ја под знак прашалник тезата за преодната природа на инфлацијата, која се очекува да се соочи со растечки нагорен притисок врз каматните стапки во втората половина на 2022 година.

Позитивни вести доаѓаат од Кина, каде значително се забрза вакцинацијата на населението против Ковид-19. До денес, најмалку две третини од населението (скоро милијарда луѓе) примиле барем една доза од вакцината, а според стратегијата за вакцинација, се очекува двете дози да ги прими 40 проценти од населението до крајот од јули (што значи 20 милиони дози на ден). Со ова темпо, тие ќе можат да ја постигнат целта на почетокот (во третиот квартал на 2021 година) од најмалку 80 отсто покриеност со вакцинацијата до крајот на 2021 година. Кина се надева дека забрзаната вакцинација на населението успешно ќе го спречи повторувањето на Ковид-19 пандемијата и ограничувањето на движењето и „затворање“ на економијата, што секако е позитивна вест, не само за Кина, туку следствено и за другите земји во развој и, последно, но не и најмалку важно, за целата светска економска структура. Повеќето аналитичари очекуваат дека другите земји во развој (потесно поврзани со Кина и во голема мера зависни од кинески вакцини) наскоро ќе го следат водството на Кина, бидејќи Кинезите ќе бидат значително повеќе насочени кон извоз на своите вакцини откако ќе завршат со вакцинирање на домашното население и медицинскиот персонал. Ова ќе биде особено позитивно за сегментот домашна потрошувачка, кој е особено погоден од ограничувањето на социјализација и затворањето на одредени сегменти на економијата во овој дел од светот.


Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната