Генералот Младиќ осуден на доживотна затворска казна
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2017 12:56
Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг го прогласи поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ, за виновен и го обвини за геноцид.
Младиќ е осуден на доживотен затвор. Трибуналот го осуди за 10 пд 11 обвиненија, меѓу кои и геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, објави АФП.
„Поради овие злосторства, судот го осуди Ратко Младиќ на доживотен затвор“, рекол Алфонс Ори, претседател на судот.
Претходно, при читањето на пресудата, Младиќ беше отстранет од седницата откако почнал да вика против судиите, обвинувајќи ги за лага.
Емоционалниот излив на обвинетиот дојде откако претседателот на судиската комисија Алфонс Орие го отфрли барањето на одбраната денешната седница да биде одложена, бидејќи Младиќ имал висок крвен и не бил во добра здравствена состојба.
„Тие лажат, вие лажете. Не се чувствувам добро“, викал тој на српски, пред да биде однесен од двајца чувари.
Младиќ е обвинет за масакрот во Сребреница во 1995 година. Тогаш се убиени над 8.000 лица - мажи и момчиња. Ова е најголемото масовно убиство во Европа од Втората светска војна.
„Младиќ придонесе значително за масакрот во Сребреница во 1995 година и има цел да го уништи босанското муслиманско население таму“, категорични беа судиите кои го определија Младиќ како „олицетворение на злото“.
Пресудата во живо беше набљудувана од страна на жртвите на Младиќ и нивните роднини во меморијалниот центар во близина на Сребреница, како и од страна на многу луѓе пред судницата.
AP Photo/Peter Dejong, Pool
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





