17 Мај, 2024
0.0456

Германија најде замена за рускиот течен гас

Објавено во: Македонија 20 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Германија се договори со Катар за долгорочно партнерство во снабдувањето со енергија, особено течен гас, објави денеска во Катар германскиот министер за економија Роберт Хабек. 

„Одлична вест е што цврсто се согласивме за намерата за долгорочно партнерство во областа на снабдувањето со енергија“, рече Хабек по средбата со катарскиот емир Хамад ал-Тани во Доха.

Тој додаде дека претставниците на германскиот енергетски сектор, кои го придружуваат на неговото патување во Катар и Обединетите Арапски Емирати, ќе започнат конкретни преговори за склучување долгорочни договори за набавка на течен гас и водород. Хабек отпатува во Катар за да организира испорака на течен гас (ЛНГ), што заедно со најавената изградба на два терминали за ЛНГ е дел од стратегијата на Германија да ја намали зависноста од гас од Русија.

„И ако сè уште не можеме да ја постигнеме целта за независност од рускиот гас оваа година, велиме дека тоа ќе се постигне во иднина“, рече Хабек. Тој рече дека, освен со Катар, за зголемени испораки на течен гас се разговара и со Норвешка и Канада.

Катар е најголемиот светски производител на течен природен гас, претежно извезувајќи во Азија. По нападот на Русија врз Украина, Германија најави дека сака да постигне независност од руските енергетски извори. Земјата во моментов покрива повеќе од 50 отсто од потребите за природен гас со увоз од Русија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8