20 Декември, 2025
0.0473

Германија останува на ставот за цврста буџетската дисциплина во Европа

Објавено во: Свет 23 Април, 2013 20:59

Добивај вести на Viber

Германија продолжува да ја штити политиката на штедење и покрај предупредувањето на Европската унија (ЕУ), дека затегнувањето на ременот ги помина мерките , пренесоа американските медиуми. „Ако треба да се откажеме од политиката на консолидирање на буџетите во Европа, ако се вратиме назад кон старата политика на преземање на нови долгови, тогаш ние ќе ја цементираме масовната невработеност во Европа за многу години нанапред", коментираше денеска германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Неговото предупредување следи по признанието на претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе-Мануел Баросо, дека мерките за штедење, во комбинација со високите даноци, најверојатно ја достигнаа горната граница на јавна поддршка, по што нивната ефикасност е исцрпена поради растечката невработеност и се подлабока рецесија. „Дури и ако политиките за корекција на дефицитот главно се правилни, секогаш можеме да разговараме за фино подесување, но тоа нема да биде одржлив систем", коментира Баросо, додавајќи дека политиката за намалување на дефицитите треба да биде дополнета со мерки за раст. Многу економисти исто така тврдат дека со намалувањето на јавните расходи во момент на ослабена економија дополнително се отежнува растот и влошуваат должничките позиции. Истовремено земјите како Шпанија, Португалија и Грција, кои се судрија со рекордно висока невработеност, мора да ги решат високите јавни трошоци и да се соочат со договорените цели за намалување на дефицитот. Буџетските дефицити на сите овие земји сепак продолжуваат да растат, а економиите остануваат во рецесија, покажуваат официјалните податоци на ЕУ. Германија успеа да ги совлада државните трошоци и забележа буџетски суфицит лани. Земјата се надева дека во наредните години ќе успее да го намали долгот до околу 80% од бруто домашниот производ. Германските лидери се најсилните застапници на буџетската дисциплина во Европа, со оглед дека земјата плаќа најмногу за спасување на останатите земји од еврозоната, а во септември претстојат и избори.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот