04 Мај, 2024
0.0269

Германија со најголем буџетски суфицит во светот за 2016 година

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Германија ќе го забележи најголемиот буџетски суфицит во светот во 2016 година . Тој се очекува да достигне 297 милијарди долари, надминувајќи го оној на Кина и да стана најголемиот во светот, прогнозира економскиот институт Ifo со седиште во Минхен .

Вишокот на тековната сметка на германската економија ќе биде со 26 милијарди долари повеќе од онаа година порано, кога беше 271 милијарди долари. Сепак, тој е помал од претходно очекуваните 310 милијарди долари.

Неговата вредност за 2016 година ќе изнесува 8,6% од БДП на Германија, што повторно го нарушува прагот од 6%, препорачан од Европската комисија. ЕК и САД ја повикаа Федералната република да ја зголеми домашната потрошувачка и увозот, за да помогне за намалување на глобалните економски дисбаланси и да го забрза глобалниот раст, вклучувајќи ја и онаа во рамките на еврозоната.

Германија возврати дека веќе е зголемена домашната потрошувачка преку воведувањето на националната минимална плата во 2015 година и силно се прошириле пензиските права во текот на изминатата 2016 година. Покрај тоа Владата ги зголемила државните расходи за патишта и дигитална инфраструктура, како и оние за бегалци, стремејќи се да се задржи избалансиран буџет.

„Федералната влада ги споделува ставовите на Европската комисија дека актуелниот германски вишок на тековната сметка треба да се оцени како висок - но не претставува прекумерен дисбаланс“, изјави портпаролот на германската влада.

Вишокот на Германија на тековната сметка заедно со другите земји од еврозоната се намалува до околу 2% од БДП, од околу 4% во 2007 година.

„Ова покажува намалување на трговските дисбаланси во рамките на еврозоната“, вели портпаролот, додавајќи дека 44% од овој буџетски суфицит на Берлин се должи на бизнис односите со САД и Велика Британија.

Минхенскиот економски институт предвидува 245 милијарди долари буџетски суфицит за Кина за изминатата година, што се должи на слабиот извоз. САД, пак, се очекува да имаат најголем увоз на капитал, со дефицит од 478 милијарди долари.

Овој рекорден суфицит во тековната сметка на Германија најверојатно ќе се намали во 2017 година, бидејќи забавувањето на светската трговија го еродира растот на извозот, додека силната домашна потрошувачка го стимулира увозот, прогнозира германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“