Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2019
Германската комора, чии фирми работат во земјава, изрази пофалба до Владата за тоа што го замрзна прогресивниот данок. Тие велат дека уште кога го воведе Владата прогресивното оданочување, изразиле критика за таа мерка и за тоа што не биле вклучени во подготовката на законот, но добро е што власта воочила дека тоа ќе придонесе кон даночно затајување.
„На 11 ноември имав можност да се сретнам со новата министерка за финансии, Нина Ангеловска. Посетата се одржа непосредно по објавувањето на Министерството за финансии дека прогресивното оданочување кое се воведе во Северна Македонија минатата година од 1 јануари 2020 година ќе биде одложено. Како што ме информираше министерката за финансии, резултатите кои беа очекувани од прогресивното оданочување се уште не се постигнати. Во периодот кој следи Владата сака да се фокусира на оптимални, фер и ефикасни решенија“, велат од Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија.
На почетокот на годината Делегацијата, како што потенцираат, се спротивставиле на прогресивното оданочување и зголемувањето на данокот на доход.
„Изразивме и критика кон не вклучувањето на приватниот сектор во изготвувањето на законската одлука, што создаде дополнителна неизвесност кај компаниите. Се чини дека Владата воочи дека прогресивното оданочување, како што беше и нашата претпоставка, придонесе за даночно затајување и зголемување на сивата економијата. Со актуелната одлука Владата се доближува кон потребите на стопанството“, велат германските компании.
Можеби ќе ве интересира
Царовска и Ангеловска возвратија на пораките од Светска банка - нема потреба од загриженост

(ФОТО) Со два факултети му е супер во Швајцарија, но ќе се врати во својата земја

Комерцијална банка потврди дека пропаднале разговорите со Еуростандард

Екс директорот на УЈП, Горан Трајковски, доаѓа на кормилото на Еуростандард банка

За прв пат во историјата: Домашни банки ја „спасуваат“ Македонија со 135 милиони евра

Ампева за регресот: Газдите возат џипови, но пријавуваат загуби за да исплатат минимален К15

КАКО ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ДОМАШНИТЕ ГАЗДИ - ќе дадат минимален или максимален К 15

Аргир: Наградата за најдобра банка ја посветувам на Љубе Раевски
