20 Декември, 2025
0.0338

Германските градови во паника од напливот на сиромашни Бугари и Романци

Објавено во: Свет 21 Април, 2013 14:32

Добивај вести на Viber

Германските градови ја молат Владата да им помогне финансиски, за да се справат со масовниот прилив на сиромашни бугарски и романски имигранти, информира АФП. Откако Романија и Бугарија во 2007 година влегоа во Европската унија, Германија стана најпосакувана дестинација поради добрата економија. За пет години, бројот на имигрантите од двете земји се зголемил тројно и на крајот на 2012 година достигнува 330 000 луѓе, пишува АФП. И додека државата се соочува со сериозен недостиг на работна сила поради нискиот наталитет, Германија е отворена за емиграцијата, но се плаши од прилив на сиромашните и неквалификувани луѓе. Државата прифаќа се повеќе дипломирани млади луѓе од земјите во криза од Јужна Европа (Грција, Шпанија, Португалија), а по Полјаците, Бугарите и Романците се меѓу најголемите емигрантски заедници во последниве години. За нив ограничен е пристапот до пазарот на труд и немаат право на големи бенефиции, факто кој може да се промени по 1 јануари 2014 година, ако Бугарија и Романија се приклучат, според планот, кон Шенген зоната. Стравувајќи од уште помасовни приливи и од социјалните и финансиски последици, Германија се закани дека ќе го искористи своето право на вето. Неодамна многу градови, меѓу кои и најсиромашните како Манхајм, Дортмунд и Дуисбург сериозно се загрижени. Управувани од левицата, овие општини бараат помош од федералната држава, за да се справат со како што велат „имиграција на сиромаштијата". Сепак извештајот на германски експерти на покажува меѓутоа дека 22% од луѓето кои пристигнуваат од овие земји се "високо квалификувани" и 46% "квалификувани" за професии од кои Германија има потреба.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот